понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Објавено видео од убиството на Горан Влаовиќ

Објавено видео од убиството на Горан Влаовиќ

Црногорецот Горан Влаовиќ (38) е убиен утрово околу 6 часот пред ноќен клуб во Паг, а според хрватските медиуми, осомничен за убиството е државјанин на Србија.

Се појави видео од безбедносните камери на кое се гледа моментот на убиството и моментот кога убиецот со бела капа му приоѓа на Влаовиќ одзади и му пука во главата.

Сето тоа се одвивало пред дваесетина луѓе кои ги напуштале клубовите. По пукањето, едни почнале да бегаат, а други се обиделе да му помогнат на ранетиот Влаовиќ, но тој набрзо починал.

Убиецот побегнал додека имало општ метеж, но интересно е што, како што може да се види при крајот на видеото, убиецот се вратил на местото на злосторството, најверојатно за да провери дали ликвидацијата била успешна.

Скапо го чинело, бидејќи после тоа влетал веднаш во рацете на интервентната полиција. Според неофицијални информации, убиецот е Д.Т. (28) од Крагуевац, пишува Информер.

Според полициски извори, Влаовиќ наводно бил близок член на кланот Шкаљари од Котор. Тој и претходно бил осуден во Црна Гора за учество во убиството на водачот на навивачот на Црвена звезда Марко Весниќ и ранувањето на неговиот кум Иван Марковиќ во Херцег Нови.