среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Почина Борче Филчев, Бадел 1862 се прости од својот долгогодишен претседател

Почина Борче Филчев, Бадел 1862 се прости од својот долгогодишен претседател

Кошаркарскиот клуб Бадел 1862 соопштува дека починал нивниот долгогодишен претседател Борче Филчев (71).

-Со неизмерна тага и огромна празнина во душата, соопштуваме дека ненадејно не напушти Борче Филчев (71), нашиот долгогодишен претседател, предобар човек и вљубеник во кошарката кој остави неизбришливи траги во нашиот клуб. Нека ти е лесен патот до вечноста, пријателу наш…. соопшти клубот.

Од клубот додадоа дека оваа сезона и сите наредни му ги посветуваат него и на неговата визија за кошарката.