Во четвртокот беше извршена ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите за да сега го добиеме комплетниот распоред на натпреварите кои ќе се играат од 6 септември до 2 ноември.
Првиот ден ќе ни ги донесе дуелите од групите Е, Ф, Г и Х, а тоа значи дека наши фудбалери ќе бидат активни од самиот старт. Имено Стефан Ристовски и Аријан Адеми со нивниот Динамо Загреб ќе ја отворат завесата на новата сезона и тоа на домашен терен против англискиот великан Челси.
Тој дуел се игра од 18:45 часот на „Максимир“, термин во кој Борусија Дортмунд и ФК Копенхаген ќе ги одмерат силите на „Сигнал Идуна Парк“. Во таа прва вечер дербито ќе биде во Париз каде ПСЖ ќе го пречека Јувентус, а активен ќе биде и бранителот на трофејот Реал Мадрид кој ќе има гостинска задача против Селтик.
Наредниот ден пак се групите А, Б, Ц и Д, ќе имаме две дерби пресметки и тоа во Италија каде Елиф Елмас со Наполи ќе го пречека Ливерпул, додека Интер ќе се обиде да дојде до позитивен резултат против најквалитетниот германски состав Баерн Минхен.
Ова е комплетниот распоред на групната фаза на елитното натпреварување:
Full UEFA Champions League schedule for all clubs involved! #UCL pic.twitter.com/dnMl9k0L1c
— Complete Football Podcast (@CompleteFootyPD) August 27, 2022