петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Струга ја совлада Шкендија, Работнички до прв триумф

ПМФЛ: Струга ја совлада Шкендија, Работнички до прв триумф

Струга Трим Лум продолжува со одлични игри и победи на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Тимот на Срѓан Захариевски славеше со 0-2 против Шкендија на дуелот што се одигра во Струмица.Христијан Малески во 50.минута го отвори резултатот, откако Шкендија на крајот од првиот дел остана со фудбалер помалку. Во 71.минута, Бесарт Ибраими реалиираше по еден противнапад и погоди против својот поранешен тим.

Работнички ја оствари првата победа во шампионатот совладувајќи го Тиквеш со 2-0. Анес Рушевиќ во 20.минута донесе водство за „романтичарите“, а новото засилување Марселин Гандо Биала зголеми на 2-0 пред крајот на првиот дел.

Шампионот Шкупи го совлада Скопје со 0-2 на „Автокоманда“.Валид Хамиди во четвртата минута од натпреварот, а триумфот го потврди Мамаду Данфа во 90.минута. Тимот на Гоце Седлоски има „два од два“.

Брегалница ја победи Македонија ЃП со 1-0, со голот од пенал на Марјан Алтипармаковски во 55.минута. Претходно, Бојан Илиевски го фаулираше Дарко Додев во шеснаесетникот.