вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јакимовски: Многу битна победа, продолжуваме понатаму како првопласирани

Јакимовски: Многу битна победа, продолжуваме понатаму како првопласирани

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски е задоволен од остварената првична цел, две победи на двата натпревара во августовскиот прозорец од претквалификациите за Евробаскет 2025.

Јакимовски заедно со Ненад Димитријевиќ и капитенот Војдан Стојановски гбеа најзаслужниот за победата вчеравечер против Словачка.

– Мислам дека на почетокот немавме доволно добра комуникација, особено во одбраната. После советите од стручниот тим, на полувремето, ја сменивме и одбраната. Играв на позиција 4, тоа делуваше доста добро во одредени моменти од натпреварот. Освен тоа дополнителни проблеми ни зададе нивниот висок процент на реализација. Особено во шутот од далечина. И играчи кои не важат како шутери, успеваа да погодуваат. Во одреден период од мечот, мислам дека имаа дури и 60% на реализација. На крајот, некако успеавме да ја изнесеме победата, и да ја оствариме првичната цел, во август да имаме две победи. Во финишот, кога требаше, погодувавме и јас и Нено и Војдан, дојдовме до она што го баравме во поголем дел од средбата. Поведовме, а кога веќе стигнавме до драгоцената предност, не ја испуштивме. Дојдовме до уште една многу битна победа, која ни дава можности да завршиме како први, и да одиме понатаму во евро-квалификациите, изјави Јакимовски.

„Црвено-жолтите“ исто како и Норвешка имаат по две победи, додека Словачка и Данска се без триумф по двете кола во Д-групата.