четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ го врати во своите редови Лахланд Андерсон

ТФТ го врати во своите редови Лахланд Андерсон

Австралискиот кошаркар Лахланд Андерсон повторно ќе го носи дресот на македонскиот прволигаш ТФТ откако денеска договори соработка со скопскиот клуб за кој настапуваше во сезоната 2020/21.

Андерсон имаше забележителна сезона во дресот на ТФТ со просек од 17.2 поени по натпревар по што замина во литванското првенство.

Австралискиот крилен центар во дресот на ТФТ оваа сезона, покрај настапите во домашното првенство, го очекуваат и натпревари во регионалната АБА 2 лига, а претходно овој месец клубот од скопската населба Тафталиџе ќе биде домаќин на квалификациската група во ФИБА Лигата на шампиони во која се и Лестер Рајдерс од Велика Британија, романски Волунтари и Најнерс Кемниц од Германија.