На официјалната страна на Министерството за финансии беше закажана аукција на државни хартии од вредност за трети овој месец. Се издадоа 12 месечни државни записи без девизна клаузула во вредност од 620.000.000 милиони денари или 10 милиони евра, пишува Економски.мк
Државата константно се задолжува без конкретни вложувања во инфраструктури и капитални проекти кои ги оправдуваат ваквите енормни задолжувања. Експертите предупредуваат дека ако Владата продолжи со вакво темпо на задолжување а притоа нема проекти од капитални значење економијата се води по многу опасен пат.
Нето задолжувањата се преку 300 милиони евра додека не е изграден ниту еден голем капитален проект. Овие пари ќе треба да ги враќаат граѓаните и идните генерации на Македонија со огромни камати па затоа е пожелно позајмените пари да се вложуваат во проекти кои ќе бидат од стратешка и долгорочна важност.
Владата потфрли во многу сегменти од економијата а капиталните вложувања се само еден од нив. Така реализацијата на капитални трошоци во буџетот за првите 4 месеци од 2018 година изнесуваат едвај 14 % што е катастрофално малку. Познавачите велат дека доколку се продолжи со вака слабото темпо на реализација на капитални проекти и капитални трошоци прашање е колку е реално да се очекува исполнување на проектираниот раст на БДП од 2,3 %.
Инаку, лани Владата го проектира растот на БДП за 2018 да биде 3,2 % но поради потфрлување во работењето на економскиот тим и катастрофалниот раст на БДП во првото тримесечје од само 0,1 % раст на БДП Светска банка и други реномирани институции го намалија растот на 2,3 %.