Македонскиот шампион, МЗТ Скопје имаше победнички старт на подготовките за новата сезона или поточно во првиот тест го совлада Арис во Солун со 70-66.
Ова беше средба од затворен тип и во истата подобро се снајде составот од Аеродром иако настапи без неколку играчи и тоа Адем Мекиќ, Еван Максвел, Самит Јигитоглу, Андреј Андоноски и Бре Ајви.
Одлични функционираше шутот од дистанца, беа погодени 12 тројки, а најрасположен за игра беше Војдан со 16 поени. Двоцифрен учинок имаа и новото засилување Мицовиќ кој уфрли 15 кошеви и (Дамјан) Стојановски со 11 поени.