петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на жртвите во земјотресот во Сечуан

Расте бројот на жртвите во земјотресот во Сечуан

Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес што ја погоди кинеската југозападна провинција Сечуан се искачи на 65 луѓе.

Речиси 250 лица се повредени, од кои десетина се во потешка здравствена состојба.

Спасувачките екипи работат на извлекување на повеќе од 200 луѓе заробени под урнатините, а исто така се обновуваат и водоводната и телекомуникациската мрежа.

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала вчера е регистриран во Сечуан.

Епицентарот на земјотресот беше во градот Лудинг, на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од главниот град на провинцијата Сечуан, Ченгду.