понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

САД утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета

САД утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета

САД денеска соопштија дека утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета. Претходното известување за таков ракетен тест е многу невообичаено, но има за цел да избегне какво било влошување на тензиите со Русија во екот на конфликтот во Украина, посочуваат западните медиуми.

-Ова тестирање на невооружената ракета „Минутмен три“ ќе биде утре наутро, на 7 септември, од воздухопловната база Ванденберг, Калифорнија,  рече портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер.

-Ова е рутински тест што се планираше долго време и кој, како и претходните тестови, ќе ја провери и потврди ефикасноста и подготвеноста на нашиот систем, рече тој, додавајќи дека САД однапред ја информирале Русија за тестирањето. (МИА)