понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

ПОЛНА МЕСЕЧИНА ВО РИБИ НА 10 СЕПТЕМВРИ: Овие знаци ги чека драма на сите фронтови

ПОЛНА МЕСЕЧИНА ВО РИБИ НА 10 СЕПТЕМВРИ: Овие знаци ги чека драма на сите фронтови

Полната Месечина на 10 септември е нежна, но и со силна духовна моќ.

За време на оваа лунација, треба да обрнеме внимание на своите емоции и интуицијата, но и да се подготвиме да ги пуштиме чувствата кои не ни се потребни, особено ако од нив чувствуваме притисок или пак нè кочат во нешто.

Овој транзит е интересен посебно и од аспект што Месечината е во конјункција на Нептун кој често се асоцира со заборавеност и збунетост. Но, овој пат сме поттикнати да имаме отворен ум и да го направиме тоа што е најдобро за нас.

Како ќе влијае таа на хороскопските знаци?

Овен

За родените во овој знак ќе бидат активирани нивните соништа, потсвест и интуиција, па затоа обрнете внимание на она што го имате во својата потсвест. Вашите соништа ќе бидат особено живи и интересни за време на овој транзит. Важно е да не анализирате премногу, туку да се препуштите на тоа што го чувствувате. Можеби чувствата ќе бидат силни, но тоа е она што секогаш се случува за време на полните месечини. Оваа Месечина во Риби ве кани да нурнете во себе и да се ослободите од она што ви тежи и ве мачи.

Бик

Биковите се личности со силна интуиција, но оваа полна Месечина го засилува тоа. Голема е веројатноста да помислите на некого, а таа личност да ви се јави или испрати порака за време на овој транзит. Дали го предвидовте тоа или го манифестиравте? Самите треба да го најдете одговорот.

Сепак, одговорот и не е толку важен, колку што е важно да заборавите на својата гордост и да го искомуницирате тоа што го чувате во своето срце. Оваа лунација за вас настапува во вашата единаесетта куќа на пријателства и групи што е одлична можност да се поврзете со своите пријатели, но на едно подлабоко ниво. Сменете ја динамиката во вашите односи и потрудете се да бидете поблиски.

Близнаци

За Близнаците ова е период кој носи завршување на некој важен проект. Полната Месечина ја осветлува вашата десетта куќа на кариера, па затоа и треба да очекувате интересни ситуации на ова поле. Таа ве повикува да не се занимавате со деталите на вашата работа, туку како се чувствувате кога правите нешто? Дали работата е дел од вашиот идентитет и што можете да смените за да бидете посреќни? Оваа енергија на Рибите е особено насочена кон чувствата, па затоа и ќе треба да сфатите како се чувствувате во однос на очекувањата на другите, па и своите очекувања во вашата работа.

Рак

Време е да тргнете напред и да ги прифатите промените како што доаѓаат. Иако тоа е полесно да се каже отколку да се направи, особено за вашиот карактер, не губите ништо ако пробате. Вие сте познати по тоа што често силно се држите за минатото и знаете самите себеси да се ограничите со некои размислувања кои ве држат назад, но оваа полна Месечина ја осветлува вашата деветта куќа на духовен раст и ви носи поттик да обрнете внимание на она што сте го игнорирале досега. Ослобете се од некои уверувања дека нешто треба да биде така како што вие сте замислиле.

Лав

Лавовите би можеле да се чувствуваат особено чувствителни за време на полната Месечина бидејќи таа осветлува одредени тајни и чувствителни места во нивната натална карта. Таа се случува во вашата осма куќа на кармички долгови, што значи дека ќе бидете многу насочени кон моменталните услови и ситуации и ќе се чувствувате како сè што се случува да е дел од некој голем план на универзумот за вас. Тоа би можело да ви донесе чувство како да ја губите контролата, но не треба да се оптоварувате со таквото размислување и само треба да ги оставите работите да одвиваат сами од себе. Искористете ги овие одговори за да направите план за иднината.

Девица

Љубовните односи се во центарот на вниманието за вас за време на полната Месечина. Време е да ја слушнете интуицијата и видите што има таа да ви каже за вашите интимни партнерства. Дали личноста со која сте е вистинската? Дали постои некој кому можеби не треба да му верувате толку или пак личност на која треба да и дадете шанса? Дајте си одговори на овие прашања. Ова не значи дека треба да направите листа на добрите и лоши страни за една личност, туку повеќе е за она како се чувствувате во нечие друштво и што тоа значи за вас.

Вага

За Вагите, оваа полна Месечина носи прашање дали имаат храброст да го остават зад себе она што не им носи нивно добро во нивниот живот. Полната Месечина ја осветлува вашата шеста куќа на навики, па така може да ви донесе увид за сето она што ве инспирира и возбудува, за вашите обврски кон другите, но и некои работи кои можеби ги чувате во својот живот, а не треба да се тука.

Вие ги имате повеќето од одговорите, сега е важно само да ја најдете храброста и поттикот во себе.

Шкорпија

Вашата имагинација доживува кулминација за време на полната Месечина. Ќе биде осветлена вашата петта куќа на забава и задоволство, што значи дека постојано ќе доаѓате до големи идеи. Дозволете си да размислувате на различни теми, да ги запишувате своите идеи, но и да соберете храброст да ги реализирате во пракса. Не мора да биде совршено, важно е само да го преземете првиот чекор.

Стрелец

За Стрелците, полната Месечина носи фокус во домот, каде се случуваат големи промени. Ќе бидете инспирирани да размислите за вашиот пристап и однос кон семејството, но и вашите лични потреби. Како сакате да изгледа вашиот дом и семејство? До каде сте со тоа? Што треба да смените?

Дали односите во семејството ве исполнуваат или измачуваат? Колку во домот владее хармонија и среќа?

Јарец

Верувајте му на она што го чувствувате, драги Јарци. Вие сте одлична личност кога станува збор за планирањето и градењето стратегии, но оваа полна Месечина ве повикува повеќе да чувствувате, а помалку да размислувате? Дали можете да ги препознаете своите чувства? Дали знаете од каде доаѓаат?

Не морате да споделите ништо со другите луѓе ако не сте подготвени за тоа, но важно е да си дојдете до сите одговори заради себеси. Запаметете дека вашата сила лежи во вашата автентичност.

Водолија

Водолиите за време на полната Месечина ќе бидат поттикнати да се насочат кон она што им значи. Месечината ја осветлува вашата втора куќа на лични вредности, што значи дека ѕвездите ве повикуваат да ставите фокус на финансиите, но и на сето она што ви е важно во животот. Како живеете, а како сакате да живеете? Што можете да смените во однос на тоа? Искористете ја оваа енергија и следете го срцето.

Риби

Голем дел од вашиот идентитет е врзан со она што му го покажувате на светот, но полната Месечина во вашиот знак ве повикува да навлезете длабоко во себе. Таа ја осветлува првата куќа на вашата личност, што значи дека не е многу важно како другите гледаат на вас, туку како вие гледате на себеси. Прифатете ги своите чувства, бидете искрени кон себеси.