понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Васоски се врати во Академија Пандев

Васоски се врати во Академија Пандев

Академија Пандев се раздели со тренерот Ѓорѓе Стојчев по убедливиот пораз од Струга во Првата лига, а само три дена подоцна го објави името на новиот предводник.Станува збор за лице кое е многу добро познато во Струмица и кое беше дел од стручниот штаб на овој тим пред само една година, а кое сега се враќа за да ги врати работите во посакуван правец.

Александар Васоски си замине од Академија Пандев минатата сезона, но по кратката авантура во Сараево, сега повторно ќе го води тимот кој го напушти во јануари.

Академија Пандев се наоѓа на петтата позиција по шест одиграни кола во новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ, со биланс од две победи, едно реми и три порази.