Кошаркарскиот тренер Душко Вујошевиќ договори нов ангажман и тоа во клуб кој престојнава сезона ќе му биде ривал на МЗТ Скопје во АБА лигата.
Легендарниот Вујошевиќ ќе работи во Студентски центар и тоа како стручен консултат. Ова за него ќе биде враќање во родниот град, поточно трофејниот стратег ќе биде главен координатор на сите тренери и младински категории
Вујошевиќ најголемите успеси како тренер ги имаше водејќи го Партизан, а во кариерата има работено во Шпанија, Италија, Русија, Франција, Романија, плус ја има водено селекцијата на Босна и Херцеговина.