петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Депај ќе биде казнет поради отсуство од тренинг

Депај ќе биде казнет поради отсуство од тренинг

Тренерот на Олимпик Лион, Бруно Женесио, потврди дека холандскиот фудбалер Мемфис Депај ќе биде казнет бидејќи не се појави на тренингот на почетокот од подготовките.

Лион веќе ги започна подготовките за новата сезона, а Депај не дојде на прозивката и тренингот.

– Драго ми е што повторно се собравме. Од 27 играчи не дојде само еден, а тоа е Мемфис Депај. Тој ќе биде парично казнет. Имаше пет седмици одмор како и сите останати, истакна тренерот на Лион.

Минатата сезона на 36 натпревари Депај постигна 19 голови, а непојавувањето на тренингот само ги засилија гласините за негов евентуален трансфер во Милан.

Тој во јануари 2017 година од Манчестер Јунајтед премина во Лион и потпиша четиригодишен договор.