сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Откажано француското дерби – Нападнат автобусот на Лион, Гросо заврши со крвава глава

ВИДЕО: Откажано француското дерби – Нападнат автобусот на Лион, Гросо заврши со крвава глава

Големото дерби на Франција, Олимпик Марсеј – Олимпик Лион, беше откажано поради хаос надвор од стадионот и напад на автобусот на гостински играчи.

Во нападот повреден е тренерот на гостинската екипа, славниот Италијанец Фабио Гросо (45), на кој мораше веднаш да му се укаже медицинска помош.

Дел од стаклата од искршените прозорци на автобусот завршија во лицето на Гросо, по што повредите морале да му бидат санирани.

-Гросо не можеше да зборува и имаше парчиња стакло на лицето. Многу сме лути, бидејќи нашите играчи и нашиот тренер се подготвуваа за вечерва, изјави сопственикот на Лион, Американецот Џон Текстор.

-Не побарав откажување на натпреварот. Од лигата не известија дека ќе разговараат со нас, а ние бевме подготвени да играме. Одлуката (да се одложи) не беше на нас, бидејќи се се случуваше надвор од стадионот.  Фудбалот не треба да се игра вака. Ја поддржуваме одлуката на судијата, додаде тој.