вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одбојкарите на Полска и Бразил во полуфиналето на Светското првенство

Одбојкарите на Полска и Бразил во полуфиналето на Светското првенство

Машките одбојкарски репрезентации на Бразил и Полска се последните полуфиналисти на Светското првенство кое се одржува во Словенија и Полска.

Бразил во јужноамериканската пресметка ја совлада Аргентина со 3-1, (25:16, 23:25, 25:22, 25:21), додека Полска во драматичен натпревар во пет сетови беше поуспешна од САД со 3-2 (25:20, 27:25, 21:25, 22:25, 15:12).

Во второто полуфинале ќе играат Словенија и Италија.

Словенија вчера во четвртфиналето ја совлада Украина со 3-1, додека Италија во пет сетови триумфираше над Франција.

Двете полуфинални пресметки се на програмата денеска во Катовице. Ден подоцна ќе се играат натпреварите за третото место и финалето на Светското првенство. (МИА)