вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

70-годишен кавадарец пронајден мртов во неговиот дом

70-годишен кавадарец пронајден мртов во неговиот дом

На 08.09.2022 во 10.30 часот во ОВР-Кавадарци М.М (49) од Кавадарци пријавил дека се шири непријатен мирис од соседната куќа,во која сам живеел неговиот чичко И.М. (70) од Кавадарци.

Полициски службеници излегле на лице место и бидејќи влезната врата била заклучена, во координација со ТППЕ Кавадарци, била отворена вратата и во куќата е пронајдено телото на И.М..

Од Итна медицинска помош е констатирана смрт со видливи изгореници на телото. По наредба на јавен обвинител од Кавадарци, телото е предадено на обдукција на Институт за Судска медицина –Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.