понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Со возило направи хаос пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, па избегал- еве ги деталите

Со возило направи хаос пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, па избегал- еве ги деталите

На 10.09.2022 во 03.20 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред Амбасадата на Р.Бугарија, патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од едно лице, удрило во канделабра за улично осветлување, а потоа и во две паркирани патнички возила „мерцедес“ и „бмв“, сопственост на Амбасадата и го напуштило местото на незгодата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.