Силекс ја победи Македонија ЃП со 0-1 во Ѓорче Петров во премиерниот меч од седмата рунда во Првата фудбалска лига.
Дамјан Масевски во 80.минута успеа да ја затресе мрежата на „лавовите“. Тој беше на вистинското место по корнерот што го изведе Марјан Ристовски и лошата реакција на домашниот голман Стевковски.
Македонија ЃП еден час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Стефан Лазаревиќ. Домашниот тим имаше можност преку Кристијан Стојкоски, кој ја погоди стативата.
Останатите натпревари од седмото коло се играат утре.