понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 175 возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Казнети 175 возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Во засилени сообраќајни контроли на полицијата вчера на територијата на Скопје биле казнети 175 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, за возење со брзина поголема од дозволената изречени се 53 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци од возачи на мотоцикл, 15 за возење под дејство на алкохол.-Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, информира МВР.Засилените акциски контроли ќе продолжат, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.