недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени двајца крадци од гостиварско

Приведени двајца крадци од гостиварско

На 10.09.2022 во 13.25 часот во с.Добри Дол, гостиварско, од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода Е.А.(26) од с.Добри Дол.

Тој се сомничи дека заедно со Е.Ф.(21) од истото село, кој околу 17.30 часот исто така бил лишен од слобода, извршиле кривично дело „тешка кражба“ во помошен објект на приватен имот во селото, при што одзеле повеќе предмети.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе следи соодветен поднесок.