среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Скариоло за Марканен: Најтешкиот противник за кој некогаш сум морал да се подготвувам

Скариоло за Марканен: Најтешкиот противник за кој некогаш сум морал да се подготвувам

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Серхио Скариоло има голем респект спрема лидерот на финската селекција Лаури Марканен.

Шпанија денес од 17:15 часот ќе се соочи со Финска во четвртфиналето на Евробаскет 2022.

– Со оглед на стилот на игра на Марканен, ова е најтешкиот противник за кој сум морал да се подготвувам. Подготовката за овој натпревар е многу тешка. Противникот игра оригинално и нетипично, многу ефикасно, тактички е многу тешко да се анализираат. Имаат пет шутери, ѕвезда од светска класа, шутираат тројки почесто и подобро отколку што трчаат во транзиција. Проблемот е и тоа што не можете само да се фокусирате на задржување на Марканен, морате да ги задржите сите, тие имаат многу снајперисти, рече Скариоло.

Покрај овој натпревар, вечер (20:30 часот) ќе се игра уште едно четвртфинале во кое се среќаваат Германија и Грција.