понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Евробаскетот 2025 година повторно ќе се игра во четири држави

Евробаскетот 2025 година повторно ќе се игра во четири држави

Европското првенство во кошарка во машка конкуренција, кое е закажано за 2025 година, ќе се одржи во четири држави, а домаќини ќе бидат Полска, Летонија, Финска и Кипар.

Русија требаше да биде организатор, но поради војната остана без организација и потоа во март беше решено дека домаќини ќе бидат Финска, Летонија и Кипар, додека сега официјално е потврдено дека четврта земја која ќе се приклучи на останатите е Полска.

Нокаут фазата ќе се игра во Рига, додека четирите домаќини ќе се квалификуваат директно на Евробаскетот.