вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Една година од смртта на Марина Туцаковиќ: Од овие луѓе направи големи ѕвезди, пишуваше и за нашиот Тоше Проески

Една година од смртта на Марина Туцаковиќ: Од овие луѓе направи големи ѕвезди, пишуваше и за нашиот Тоше Проески

Текстописецот Марина Туцаковиќ почина на 19-ти септември минатата година, а денес се навршува точно една година откако познатата хитмејкерка ја загуби животната битка по долга борба со тешката болест.

„Ако сакаш хит, јави се кај Марина Туцаковиќ“, било непишаното правило на југословенската музичка сцена.

Таа важеше за најголемиот хитмејкер во поранешна Југославија, откако напиша повеќе од 4.000 песни, од кои многу станаа безвременски хитови.

Од „Љуљај ме нежно“, песна испеана од Оливер Мандиќ пред речиси 50 години, „Ти само биди доволно далеку“ на групата Генерација 5 (1979), „Додирни ми колена“ на групата Зана (1982) до понови песни , Марина Туцаковиќ влијаеше на многу пејачи и пејачки да станат ѕвезди. Речиси и да нема изведувач на популарна музика во поранешна Југославија во претходните пет децении што не соработувал со Туцаковиќ.

Пишувала за рокери, поп пејачи и фолк пејачи, но таа е заслужна за успешните кариери на многу фолк изведувачи, како Џеј Рамадановски или Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Последните денови Марина Туцаковиќ ги помина во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде што беше префрлена откако се влоши нејзината состојба. Таа исто така беше на респиратор поради коронавирусот. На почетокот на 2018-та година, инаку, и беше дијагностициран малигнен тумор на дојката, по што набрзо беше оперирана. Таа до последниот ден жестоко се бореше за своето здравје.

Родена е во Белград во 1953 година, а кариерата ја започнала пишувајќи песни за групата „Зана“. Соработувала со голем број најпознати изведувачи од овие простори, како Здравко Чолиќ, Џеј Рамадановски, Тоше Проески, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Жељко Самарџиќ, Драгана Мирковиќ и многу други.

Најнови вести