На 9 октомври во Франкфурт ќе се одржи ждрепката за Европското првенство во 2024 година, а македонската фудбалска репрезентација уште не знае во кој шешир ќе се најде при извлекувањето на групите.
Се зависи од последните две кола во Лигата на нации во кои нашата селекција ќе се сретне со Грузија и Бугарија. Една победа во овие два меча не носи сигурно во четвртиот шешир иако и со два пораза имаме шанса за тоа, во зависност од резултатите на другите селекции.
Во ждрепката ќе учествуваат 53 репрезентации, Русија е дисквалификувана, а ќе бидат поделени во десет групи. Седум од нив ќе бидат со по пет, а три со по шест селекции.
Нема да има бараж, туку најдобрите две репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман на Европското првенство. Преостанатите четири места ќе се пополнат од Лигата на нации.