петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ВОЗЕТЕ СО ПРИЛАГОДЕНА БРЗИНА: 193 санкции за брзо возење во Македонија

ВОЗЕТЕ СО ПРИЛАГОДЕНА БРЗИНА: 193 санкции за брзо возење во Македонија

Во текот на вчерашниот ден (23.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.