Вашингтон е подготвен да им помогне на своите европски партнери во истрагата за истекувањето на гасоводите Северен поток еден и два, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД.
Необјаснетите истекувања кои беа откриени долж двата гасовода што ги поврзуваат Русија и Европа предизвикаа истраги во голем број европски земји.
Се работи на различни верзии, меѓу кои и саботажа.