недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Босна и Херцеговина добива нов селектор

Босна и Херцеговина добива нов селектор

Нов селектор на машката сениорска ракометна репрезентација на БиХ е Ирфан Смајлагиќ кој ќе ја преземе функцијата од Тони Чолина.

Искусниот тренер со раководството на ракометниот сојуз на БиХ се договорил на двегодишна соработка и во следните дена треба да го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2024.

Смајлагиќ, кој во својата тренерска кариера беше селектор на младинските репрезентации на Хрватска, работеше и како тренер во екипите на Босна Сараево, Замет и Локомотива Загреб.

Во периодот од 2007 до 2009 беше селектор на репрезентацијата на Египет, а од 2015 до 2016 година ја предводеше и репрезентацијата на Иран.

Додека настапуваше за репрезентацијата на Хрватска, освои златен медал на Олимписките игри во Атланта (1996), сребрен медал на Светското првенство во Исланд (1995) и бронзен медал на континенталниот собир во 1994 година, на кој Португалија беше домаќин.