петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Босна и Херцеговина се зајакнуваат безбедносните мерки поради кризата на Блискиот Исток

Во Босна и Херцеговина се зајакнуваат безбедносните мерки поради кризата на Блискиот Исток

Министерот за безбедност на БиХ Ненад Нешиќ денеска изјави дека безбедносните мерки во земјата се подигнати на повисоко ниво поради стравувањата од можно прелевање на кризата од Блискиот Исток.

Нешиќ изјави дека безбедносната состојба во Босна и Херцеговина засега е добра, пренесоа сараевските медиуми.

– Ги следиме настаните и во регионот и во светот и очекуваме дека ниту еден настан нема да не изненади“, рече тој.

Сараевскиот портал Аваз објави дека полициските служби во БиХ, предводени од Дирекцијата за координација на полициските тела на БиХ (ДКПТ), го зголемиле нивото на заштита на „одредени државни институции“.

Весникот, исто така пренесе дека се работи на проценка на можните закани и дека сите полициски служби се во координација.