недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Саво Милошевиќ нов селектор на Босна и Херцеговина

Саво Милошевиќ нов селектор на Босна и Херцеговина

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина одлучи за нов селектор да го постави Саво Милошевиќ.

Поранешниот југословенски и српски репрезентативец наскоро ќе ја преземе функцијата и ќе се обиде да го крене националниот тим од лошата резултатска серија.

Милошевиќ ќе биде дури трет селектор на БиХ во овој квалификациски циклус, а неговиот претходник, Мехо Кодро, заработи отказ по само два меча минати на клупата. Новиот селектор во минатото беше тренер на белградски Партизан, со кој го освои Купот на Србија, а беше дел и од Олимпија Љубљана.