сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДРСКА ИЗМАМА: „Вашиот син усмрти дете, дајте 3.500 евра за да не оди во затвор“

ДРСКА ИЗМАМА: „Вашиот син усмрти дете, дајте 3.500 евра за да не оди во затвор“
илустрација

На 29.09.2022 во 22:00 часот во Полициската станица Аеродром, 74-годишен скопјанец пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице за сума од 3.500 евра.

Според пријавеното, лицето им се јавило околу 09:15 часот и ги известило дека нивниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сакаат да се спаси од затвор ќе треба да му дадат пари.

Како што е пријавено, тие се договориле и му ги дале парите, но подоцна сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.