понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром ќе продава сезонски билети,од понеделник за мечот со Партизан

МЗТ Скопје Аеродром ќе продава сезонски билети,од понеделник за мечот со Партизан

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром викендов со мечот против Црвена Звезда ќе ја започе новата сезона во АБА лигата.

Пред стартот на сезоната, клубот информираше дека стартува продажбата на сезонските билети.

Цените на картите се поставени од 2.000 до 2.500 денари, во зависност од локацијата на трибините. МЗТ најави дека утре наутро стартува продажбата на билетите кои ќе важат до крајот на сезоната.

Во нив се опфаќа барем тринаесет натпревари во АБА лигата, најмалку петнаесет во првенството на Македонија, а бројката ќе се зголеми како што ќе тече сезоната.

Покрај пробажбата на сезонските карти, МЗТ информира дека во понеделник во продажба билети ќе се пуштат и за првиот домашен меч.

Партизан во втората рунда на АБА лигата ќе дојде во Скопје, на десетти октомври. Цената на билетите за овој меч со „црно-белите“ не е позната, а ќе биде утврдена в понеделник.