петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на „Џон Кенеди“: Тешко повреден мотоциклист и малолетен сопатник

Тешка сообраќајка на „Џон Кенеди“: Тешко повреден мотоциклист и малолетен сопатник
илустрација

На 30.09.2022 во 14.10 часот пријавено е дека во Скопје, пред маркет на ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(33) од Скопје, и моторцикл „крос“, управуван од Б.А.(22) од Скопје.

По несреќата Б.А. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетен сопатник од Скопје во патничкото моторно возило „опел корса“ во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од лекар му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.