вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ЗВИЦЕР Е ЖИВ – ќерката и сопругата на криминалецот кој имаше лажен македонски пасош објавија видео во кое пеат песна од Јала Брат и Буба Корели

ЗВИЦЕР Е ЖИВ – ќерката и сопругата на криминалецот кој имаше лажен македонски пасош објавија видео во кое пеат песна од Јала Брат и Буба Корели

Српската полициска управа преку своите партнерски служби добила потврда дека убиеното лице во Панама не е Радоје Звицер, лидерот на озлогласениот „Кавачки клан“.

-Полициските информации, според сознанијата на порталот Стандард, укажуваат дека убиениот во централноамериканската држава Панама физички не личи на шефот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, пишува српски „Блиц“.

Со идентификација и физичка проверка, Српската полициската управа добила дефинитивна потврда дека контроверзното лице не е убиено во Панама, туку дека се работи за друго лице чиј идентитет се уште не е соопштен.

Потсетуваме, пред два дена медиумите објавија информација дека лидерот на „Кавачкиот клан“ Радоје Звицер е убиен во пукотница во вила во Панама.

Звицер беше еден од највлијателните луѓе на балканското подземје. Беше поврзуван со бројни убиства, продажба на дрога и други кривични дела.

Се верува и дека тој стои зад ликвидацијата на шефовите на „Шкаљарскиот клан“, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео од ќерката на Радоје Звицер, покрај која стои нејзината мајка Тамара Звицер како двете пеат песна од познатите босански рапери.

Во позадина се слуша песна на познатите изведувачи Јала и Буба со карактеристичен текст.

– И вечерва осаменоста дојде да ме посети, а твојот мирис се вовлече во мојот кревет, оваа ноќ се закануваат, сакаат да ме изгорат – ги пејат двете стиховите од песната која оди во позадина, во видеото кое објавија на ТикТок.

Видеото се појави неполни 48 часа откако пристигна информацијата дека во Панама е убиен Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан. Се шпекулира дека Тамара и неговата ќерка сакале да кажат дека водачот на криминалниот клан е се уште жив.

Инаку Звицер имаше лажен македонски пасош издаден од МВР под раководство на Оливер Спасовски.