На 02.10.2022 околу 20:10 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот гостиварец А.М..
Тој се сомничи дека на 24.09.2022 со употреба на сила се обидел да одземе паричник од 45-годишна гостиварка.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.