Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево пристигна во Владата на средба со премиерот Димитар Ковачевски на која треба да се разговара за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа.
На средбата, покрај Мицкоски, ќе присуствува и економскиот тим на партијата кој, според претходните најави од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го презентира нивниот план за надминување на последиците од кризата.