вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА: Минута молк за жртвите во Индонезија

УЕФА: Минута молк за жртвите во Индонезија

Сите европски фудбалски натпревари кои се играат оваа недела ќе почнат со минута молчење во спомен на загинатите во стампедото на стадионот во индонезискиот град Маланга, соопшти денеска УЕФА.

Оваа одлука се однесува на натпреварите во Лигата на шампиони, Лига Европа, Лигата на конференции, како и на квалификациите за пласман на Светското првенство во женска конкуренција.

Во стампедото кое се случи изминатиот викенд на стадионот во Маланга загинаа повеќе од 125 луѓе.

Кога гневните навивачи на поразениот домашен тим влегоа на теренот, полицијата употреби солзавец, обидувајќи се да ја стави состојба под контрола, но интервенцијата предизвика човечко стампедо кое доведе до една од најголемите фудбалски трагедии во светот.

Според полицијата, во инцидентот загинале 125 луѓе, додека градскиот оддел за здравство во Маланга процени дека бројката на загинати е 131.  (МИА)