На 03.10.2022 во 21:00 часот било пријавено дека настанал пожар во купатило од куќа на подрачјето на Кисела Вода, сопственост на М.Н.(37) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарната заштита.
На М.Н. поради задушување со чад му била укажана лекарска помош од Итна медицинска помош.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.