сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

УЖАС во Србија: Татко си ја убил 2- годишната ќерка, па се обесил

УЖАС во Србија: Татко си ја убил 2- годишната ќерка, па се обесил

Убиството во Вршац, каде што таткото Марко Б. ја удави 2- годишната ќерка, а потоа се обеси, го потресе Балканот.

Марко Б. пред злосторството испратил порака до поранешната сопруга дека ќе го убие детете и ќе си го одземе животот, а полицијата по пријава на жената решила да интервенира.

Тој неодамна се развел од сопругата, но Центарот за социјална работа му одобрил на Марко да ја гледа ќерката.

Убиецот, според неофицијални информации, бил вработен во општината за јавни набавки, а деталите од трагедијата ќе бидат утврдени со полициска истрага.