четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од скопско по распишана централна потерница

Приведено лице од скопско по распишана централна потерница

На 06.10.2022 околу 13.30 часот во с.Сингелиќ, скопско, полициски службеници од Отсекот за потрага по цел – Одделение за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(45) од Сингелиќ.

За него била распишана централна потерница од Основен кривичен суд Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво” казниво по чл.237 во врска со чл.19 и кривично дело „грабнување” казниво по чл.141 во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Претходно, кај клучка Арачиново, тој со своето возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки не застанал на даден знак од полициски службеници и се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.

Тој бил предаден во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.