На 05.10.2022 во 20.00 часот во СВР Куманово, 38-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 денари.
Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, лицето заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.