понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Падна во рацете на полицијата 25 годишен тетовец – украл три електрични тротинети и велосипеди

Падна во рацете на полицијата 25 годишен тетовец – украл три електрични тротинети и велосипеди

Тетовската полиција информира дека е лишен од слобода 25-годишник од Голема Речица, осомничен за кражби на три електрични тротинети и велосипеди.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 19 часот и 45 минути, во тетовска Мала Речица, го лишиле од слобода 25-годишниот А.Р. од ова село, поради сомнение дека изминатите неколку месеци извршил три кражби на електрични тротинети и велосипеди, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

По целосно расчистување и документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.