вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Измамил четири лица, па сега е во притвор – еве за што ќе одговара жител на Бродец

Измамил четири лица, па сега е во притвор – еве за што ќе одговара жител на Бродец

Педесет и двегодишник од тетовско Бродец доби притвор откако беше приведен како осомничен за измама на четири луѓе од Тетовско. Судија во претходна постапка по вчерашното приведување, денеска му определил мерка притвор.

– По поднесена кривична пријава од СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, денеска (8 октомври) на К.А.(52)  од тетовски Бродец му определил осумдневен притворТој се сомничи дека во текот на годинава извршил измама на четири лица од Тетово и Тетовско, на кои им ветувал дека ќе им помогне за добивање различни видови документи, им зел парични средства и потоа не им се јавувал повеќе, со што сторил кривично дело измама“ казниво според член 247 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.

По определување на мерката осомничениот е спроведен во Казнено-поправната установа, Затвор Скопје.  (МИА)