понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Приведен струмичанец, полицијата во неговиот дом пронашла амфетамин и марихуана

ФОТО: Приведен струмичанец, полицијата во неговиот дом пронашла амфетамин и марихуана

Министерството за внатрешни работи информира дека на 12.10.2022 година во 00.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Р.Б.(33) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со амфетамин и марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.