Вчера и денеска имаме вистинска есен со дожд и пониски температури од вообичаените изминатиот период и викенд.
Додека грејната сезона се уште не е започната граѓаните се молат да имаме топли денови уште малку.
Според долгорочната прогноза за месец октомври на страницата „accuweather.com“ во нашата земја, особено главниот град дождот ќе не дружи уште само утре, додека од петок следува целосно стабилизирање на времето.
Сонцето ќе не дружи речиси целиот месец, а максималната температура ќе достигне 23 степени, дожд повторно може да се очекува на почетокот на ноември.