По најавите дека Килијан Мбапе сака да замине од Париз, се појавија информации дека ПСЖ побарал неверојатни 400 милиони евра за продажба на напаѓачот.
Неколку извори синоќа објавија дека пукнала тиквата помеѓу Килијан Мбапе и ПСЖ, напаѓачот е незадоволен поради неисполнетите ветувања кои му биле дадени кога го потпишал новиот договор, па сака да замине од Париз, по можност веќе во јануари.
Од таборот на ПСЖ ги демантираа ваквите написи, но медиумите продолжија да пишуваат дека Килијан Мбапе бара излез од „Паркот на принцовите“.
Се шпекулира дека ПСЖ веќе одредил цена и ќе бара неверојатни 400 милиони евра, сума која тешко дека некој ќе ја плати.