Реал Мадрид значително ќе биде ослабен против Барселона во првото сезонско „Ел Класико“ за оваа сезона.
Белгискиот голман Тибо Куртоа нема да се појави на дуелот со големиот ривал. Проблеми со вратот се причина за оваа одлука на мадриѓани. На оваа средба нема да игра и Дани Себаљос. И тој се соочува со повреда, поради која нема да им помогне на соиграчите против каталонскиот клуб.