Поранешната НБА ѕвезда, Дикембе Мутомбо започнал третмани за лекување откако му бил откриен тумор во мозокот, – објави НБА преку официјално соопштение. Членот на кошаркарската Куќа на славни живее во Атланта каде и ќе се одвива лекарскиот третман, а индиректно преку НБА решил да ги информира фановите за ситуацијата во која се наоѓа.
– Дикембе и неговата фамилија побараа приватност за да можат да се фокусираат на неговата нега и благодарни се на важите позитивни желби и молитви, – стои во официјалното соопштение.