понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар се појави во судот во Барселона

Нејмар се појави во судот во Барселона

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар се појави денеска во судот во Барселона по обвинение за наводна измама и корупција при неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година.

Покрај Нејмар, процесот се води и против неговите родители, поранешните претседатели на Барселона, Жозеп Бартомеу и Сандро Росел, како и поранешниот прв човек на Сантос, Одилио Родригез.

Шпанското Обвинителство бара казна затвор од две години за Нејмар, како и парична казна од 10 милиони евра поради корупција.

Случајот произлегува од тужба од бразилската компанија DIS, која поседуваше 40 отсто од правата на Нејмар додека бразилскиот репрезентативец настапуваше во Сантос.

Компанијата тврди дека трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона бил реализиран по значително пониска цена од реалната пазарна вредност на фудбалерот.

Бразилската компанија бара затворски казни за обвинетите, како и обесштетување од 195 милиони евра.