недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил со дрога паркирале во близина на гробишта – кривични за две лица од Кавадарци

Автомобил со дрога паркирале во близина на гробишта –  кривични за две лица од Кавадарци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против против Ф.Н. (22) и Н.Р. (26), двајцата од Кавадарци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 22.02.2022 полициски службеници од ОВР Неготино, при извршен преглед над пријавените и патничко возило „хјундаи“, со прилепски регистарски ознаки, во близина на градските гробишта и хотел во Неготино, пронашле амфетамин.